Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Благодарност до ЕБР за нивната пожртвуваност и посветеност кон граѓаните и татковината

20250823204416 big 730x400 17.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присусуствуваше на одбележувањето на Денот на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) во Кавадарци. Тој изрази благодарност за пожртвуваноста и професионализмот на оваа единица.

-Денеска го одбележавме Денот на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). Оддаваме почит за посветеноста и храброста на сите припадници на оваа единица, кои се еден од столбовите на заштитата и зачувувањето на безбедноста и суверенитетот на државата, објави премиерот на својата Фејсбук страница.


Нивната пожртвуваност и професионализам, додава премиерот во објавата, се пример за сите нас и потсетник дека мирот и безбедноста што ги уживаме се резултат на нивната постојана подготвеност и несебична жртва.

-Благодарност за нивната служба и посветеност кон граѓаните и татковината, напиша Мицкоски.

Дваесет и четири годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување, беше одбележана вечерва на градскиот плоштад во Кавадарци. На плоштадот и во општинската зграда беше изведена и тактичко – показна вежба.


Можете да прочитате

Дали Македонија е подготвена за сериозна борба против корупцијата?

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред 

„Системот е во колапс поради лоша имплементација“: Петковска за трката за ОЈО ГОКК и блокадата во Судскиот совет