Утрински Весник
Македонија

СДСМ ќе бомбардира со прес конференции за разочарувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Sdsm.webp.webp

Под слоганот „4 години разочарувања – 4 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ“, СДСМ започнува серија прес-конференции посветени на катастрофалното владеење во изминатите четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозициската партија.

,,Ќе ја прикажеме реалноста којашто граѓаните добро ја знаат: скандали со тендерски шеми, поскапени давачки за граѓаните, неисполнети ветувања, хаос во општините, урбана мафија и корупција.


Денеска, почнувајќи од 11.00 часот, во седиштето на СДСМ ќе се одржи првиот серијал прес конференции:

📌Прес конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
📌Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Битола, Методија Куновски.
📌Прес конференција на кандидатката за градоначалничка на Прилеп, Петра Лукаровска.
📌Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Охрид, Асен Шајн.
📌Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Штип, Павел Иванов
📌Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Свети Николе, Дејан Гичев.
📌Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Неготино, Петар Мантев.
📌Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Куманово Мартин Костовски.

ВМРО-ДПМНЕ ја претвори локалната самоуправа во сервис за бизнис интересите на партијата и локалните моќници, а граѓаните ги заборави” стои во најавата на СДСМ.

Можете да прочитате

Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми

„По Материјата“ – изложба на македонски, грчки и албански уметници во општина Преспа, Грција

СДСМ: Мицкоски е во паника поради падот на поддршка, без резултати зад себе измислува лажни сценарија за изборите