Утрински Весник
Македонија

МЗ ја достави целокупната документација за надзор на Стоматолошката комора до ЈО за натамошно постапување

Mz.webp.webp

Целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите во врска со работењето на Стоматолошката комора, се доставени до Јавното обвинителство за натамошно рагледување и постапување, согласно законските надлежности, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

Доставени се трите извештаи за работа на комисијата за вршење надзор над законитоста на работата во вршење на јавното овластување на Стоматолошката комора од 25.02.2025 година, од 15.05 2025 и од 21.05.2025 година, посочуваат од Министерството и додаваат дека дополнително е доставено и известување до Стоматолошката комора од 11.03.2025 година, како и списи и документација од секторот за стоматолошка здравствена заштита.


Во врска со процедурата за добивање или продолжување лиценца на докторите по стоматологија, за што времено ги презедовме надлежностите, докторите може да ја достават документацијата во нашата архива, до сектор за стоматолошка здравствена заштита, информираат за МИА од Министерството за здравство.

Можете да прочитате

Малолетник нападнат пред училиште во Студеничани 

Предлог законот за парнична постапка е прифатлив, ќе се организира јавна расправа 

МОН со поддршка од „Македонски Телеком“ етапно ќе воведува дигитални свидетелства