Утрински Весник
Свет

Путин сака тет а тет средба со Зеленски

Putin 2 1.jpg
Dik 300x250 mk

Во телефонскиот разговор синоќа рускиот претседател Владимир Путин побарал неговата средба со украинскиот претседател Володомор Зеленски да се одржи еден на еден, без присуство на американскиот претседател Донал Трамп, објави Политико.

Повикувајќи се на извор во администрацијата на Трамп, медиумот објави нови детали од телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин синоќа. Трамп направи пауза на состанокот со Зеленски и со европските лидери за да одржи телефонски разговор со Путин.


Според тој извор, рускиот лидер побарал неговата средба со Зеленски да се одржи еден на еден, без присуство на Трамп.

– Кога Трамп го поканил и му понудил да се сретне со него и со Зеленски, Путин одговорил: „Не мора да доаѓаш, сакам да го видам еден на еден – вели изворот на Политико.

Тимот на Трамп, според изворот, веднаш почнал да работи на тоа, а посебната задача за подготовка на сè му била дадена на советникот на Трамп, Стив Виткоф.

Можете да прочитате

Извештај: За 1,5 година се обиделе да се самоубијат 279 израелски војници

Нетанјаху нареди напади врз Газа

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи