Утрински Весник
Македонија

Најавена е целосна реконструкција на пругата Скопје – Кичево

Pruga bugarija.jpg

Владата донесе одлука за започнување на подготовки и подготвителни активности за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Кичево на коридор 8, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. 

Во прва фаза, преку Европската Унија ќе се обезбеди грант од 5, 3 милион евра за физибилити студија, а носечка институција ќе биде Европската банка за обнова и развој која ќе избере Консултант за изработка на студиите согласно највисоките европски стандарди. По изработката на анализите, во втора фаза ќе започнат работите на пругата, потенцираше вицепремиерот Николоски


” Ова е следна точка во делот на железничката инфраструктура во Македонија. Сега почнуваме подготвителни активности и за западното крило на коридор 8, почнуваме со постојната железничка линија од Скопје до Кичево која што е во лоша состојба бидејќи во моментов невозможно е по нејзе да оперираат возови и затоа решивме да ја реконструираме. Второ ставаме модерна сигнализација согласно најдобрите европски стандарди за безбедност и сигнализација и трето истата да ја електрифицираме бидејчи и пругата сега да беше во добра состоја по нејзе би можеле да оперираат само дизел локомотивои. Ова ќе значи подобро поврзување помеѓу Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево.   За истата разговраваме со ЕУ и се договороивме ЕУ да обезбеди грант од 5, 3 милиони евра за физибилити студија со анализа на трошоци и приодбивки, идејни проекти и нацрт текст за инвестициски грант. За истото, водечка институција ќе биде ЕБОР, согласно внатрешните процедури на Банката, тие ќе изберат Консултант кој што ќе ги работи овие студии, рокот за изработка за овие студии по највисоки европски стандарди е 18 месеци и посел тоа ќе одиме на втора фаза, а тоа се работи на терен”- истакна вицепремирот Николоски. 

Тој додаде дека во напредна фаза е изградбата на брзата пруга на коридор 10, исто така беше пуштена во функција пругата од Куманово до Бељаковце, исто така се работи на пругата од Бељаковце до Крива Паланка и пред финален договор сме со Бугарија за железничко поврзување.

Можете да прочитате

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе се покаже на изборите

Битиќи: Случајот со концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ се затвори пред две години, денес е донесена конечната пресуда

Камион се запали на превојот Плетвар