Утрински Весник
Македонија

Потпишан Меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт на локалитетот Скупи

20250819105419 big 730x400 4.webp.webp

На археолошкиот локалитет Скупи денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Германскиот археолошки институт, претставуван од Римско-германската комисија.

Министерот за култура изрази задоволство од воспоставената соработка, нагласувајќи ја нејзината стратешка важност.


-Археологијата е значаен сегмент од културно-историскиот мозаик на нашата земја и претставува непроценливо наследство за идните генерации. Ние сме должни да го истражуваме, да го заштитиме и да го афирмираме тоа наследство бидејќи секој археолошки наод е жива врска помеѓу минатото, сегашноста и иднината, рече министерот.

Соработката ќе овозможи размена на знаења, методологии и заеднички истражувања, со што се очекува унапредување на научните стандарди и меѓународната промоција на македонското културно наследство.

-Овој меморандум претставува силна основа за унапредување на стручната и научната афирмација на нашите археолошки откритија, преку примена на современи методолошки принципи, обработка на материјални докази и нивна промоција во меѓународен контекст. Истовремено, соработката ќе придонесе за развој на културниот туризам како една од стратешките насоки на европската културна политика во 21 век, а со тоа археолошките локалитети ќе добијат нова димензија – не само како научни туку и како туристички атракции кои ја раскажуваат историјата на нашата земја пред светот, истакна министерот.

Заменик-директорот на Германскиот археолошки институт, Лукас Вертер, истакна дека соработката ќе се заснова на научни истражувања кои потоа ќе бидат достапни за сите заинтересирани за локалитетот.

-Се радуваме на нашите заеднички активности на овој локалитет кој има многу скриени нешта во земјата кои сакаме да ги обелодениме на луѓето и да ги изградиме капацитетите на Скупи, рече тој. Дополнително, беше потпишан и втор документ од страна на Музејот на град Скопје, со што започнуваат првите конкретни чекори кон реализација на оваа соработка. Очекувањата се дека партнерството ќе придонесе и за развој на културниот туризам, позиционирајќи археолошките локалитети како атрактивни дестинации на европската културна мапа.

Можете да прочитате

Битиќи: Случајот со концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ се затвори пред две години, денес е донесена конечната пресуда

Камион се запали на превојот Плетвар

УЈП: Поднесување ДДВ-04 пријави и плаќање даночен долг до 25 август 2025