Утрински Весник
Свет

Мадуро најави распоредување на 4,5 милиони милиционери во Венецуела

20250819093509 big 730x400 84.webp.webp

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, најави активирање на 4,5 милиони припадници на милицијата како одговор на, како што рече, „американските закани“ поради распоредувањето на воени сили на САД на Карибите.

– Оваа недела ќе активирам специјален план со повеќе од 4,5 милиони милиционери за покривање на целата национална територија. Подготвени, активирани и вооружени, изјави Мадуро на државната телевизија.


САД неодамна ја удвоија наградата за неговото апсење на 50 милиони долари.

Милицијата, основана од поранешниот претседател Уго Чавез, брои околу пет милиони луѓе – цивили и резервисти – и се наоѓа под команда на армијата.

Мадуро изјави дека „пушките и ракетите треба да се дадат во рацете на селанството и работничката класа за да ја бранат татковината, територијата и мирот на Венецуела“.

Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела најави распоредување на американски поморски и воздушни сили на Карибите за операции против дрога, по што администрацијата на САД ја згол

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови