Утрински Весник
Македонија

Редизајн на Националниот еДМС – Од архивирање до целосна дигитална трансформација

Dsc04164 1 scaled.jpg

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека започнува процес на целосен редизајн и модернизација на Националниот електронски систем за управување со документи (еДМС), со цел воспоставување на стабилен, безбеден и целосно интегриран систем за граѓаните и институциите.

Затекната состојба:


  *   Во последните две години системот немаше техничка поддршка ниту развој на системот.
  *   Не постоеле воспоставени стандарди за сајбер-безбедност.
  *   Чести прекини и падови на системот ја намалуваа неговата ефикасност.
  *   Користење ограничено исклучиво за архивирање документи (електронска писарница), без целосна дигитална обработка, во само 20 институции.

Преземени активности:

  *   Првпат спроведен целосен penetration test за идентификација и отстранување на критичните безбедносни слабости.
  *   Изработен план за елиминирање на ризиците и техничките пречки.
  *   Започната подготовка за развој на нови функционалности и рекомпонирање на институциите кои го користат системот.

Планирани мерки и новини:

  *   Граѓаните да можат во реално време да го следат статусот на своите предмети.
  *   Целосна електронска обработка на процесите, со автоматизирано создавање документи (решенија, известувања, сертификати) со електронски потпис и печат.
  *   Интеграција со ERP систем за автоматска размена на податоци.
  *   Двофакторска автентификација за зголемена сигурност.
  *   Целосно исклучување на хартијата во работењето на Министерството за дигитална трансформација (како пилот министерство) од 1 октомври.
  *   Проширување на опфатот со нови институции – министерства, агенции и јавни претпријатија. Во процес на вклучување на 5 нови институции.

Очекувани придобивки:

  *   За граѓаните: побрза и поефикасна администрација, транспарентност, онлајн пристап и намалена бирократија.
  *   За институциите: интегрирана платформа, намалување на грешки и оптимизација на ресурси.
  *   За државата: усогласеност со европските стандарди и создавање на темел за вистинска дигитална трансформација.

„еДМС е темелот – ‘водоводот’ на дигиталната администрација. Нашата цел е да обезбедиме систем кој конечно ќе работи за граѓаните и институциите, со приоритет на безбедноста, довербата и корисноста,“ изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Можете да прочитате

Камион се запали на превојот Плетвар

УЈП: Поднесување ДДВ-04 пријави и плаќање даночен долг до 25 август 2025

Утковски реагира на критиките од Кривичниот суд: Затвор Скопје постапува согласно своите можности и капацитети