Утрински Весник
Македонија

Ангелов: Се уште активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен

20250819095717 big 730x400 13.webp.webp

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов во утринската изјава информира дека се уште е активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен.

-За жал пожарот во ловиштето Јасен се уште не е изгаснат. Еден крак е се уште активен. Дождот што заврна во многу мала количина не го изгасна огнот. Овде дејствуваме со два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување бидејќи можам да забележам една жешка точка и горе високо над сртот, и од спротивната страна две жешки точки со чадење, изјави Ангелов.


Ангелов појасни дека се работи за екстремно стрмен терен и еден со зимзелена шума кадешто е исклучително ризично да се спуштат луѓе.

-Нашиот фокус ќе биде со два „ер трактори“ и со полицискиот хеликоптер да дејствуваме на оваа точка. Ќе дадеме се од себе во текот на денешниот ден да го ставиме под целосна контрола и овој преостанат крак од пожарот, но веќе гледам дека горењето се засилува што само по себе подразбира дека во попладневните часови ќе имаме посилен оган, додаде Ангелов.

Можете да прочитате

Билјана Ивановска на распит во Обвинителство: Не сакам да верувам во политички притисок, предизборието е тест за демократијата

Најавена е целосна реконструкција на пругата Скопје – Кичево

Кривичен суд: Рочишта за главна расправа одложени поради непостапување на затворските установи