Утрински Весник
Свет

Хамас го отфрла планот на Израел за преселувања во Газа

Image 2025 08 17 170507141.png

Палестинската милитантна група Хамас денеска објави дека планот на Израел за преселување на жителите на Газа е „нов бран геноцид“ против стотици илјади жители на енклавата.

Хамас во соопштение оцени дека планираното поставување шатори и друга опрема на југот од Газа е „очигледна измама“.


Израелската армија објави дека почнувајќи од денеска жителите на Газа ќе добијат шатори и друга заштитна опрема, пред нивното преместување од борбените во „безбедни“ зони на југот од енклавата.

Хамас наведува дека поставувањето шатори под маската на заштита на безбедноста на Палестинците е очигледна измама насочена кон „прикривање на бруталниот криминал што го подготвуваат окупаторските сили“.

Израел објави претходно овој месец дека планира да започне нова офанзива за да ја преземе контролата врз Газа, најголемиот урбан центар на енклавата.

Планот предизвика тревога кај меѓународната заедница за судбината на Појасот Газа, во кој живеат 2,2 милиона лица.

Можете да прочитате

САД започнуваат технички разговори со Данска и Гренланд за интересот на Трамп

Украина повика на разговор унгарски амбасадор по изјавите за избори

Обвинителката од Врховниот суд на Грција предлага отфрлање на барањата за намалување на казната за пожарот во Мати