Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Рамковниот договор е важен документ за мирот, соживотот и градењето заедничка иднина

Sdsm.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Рамковниот договор е важен документ кој стави крај на конфликтот од 2001 година, воспостави мир и отвори поглавје на соживот во градењето заедничка иднина.


Освен зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата, суштината на Рамковниот договор е издигнувањето над поделбите, меѓусебно помирување и отворање на вратите за заеднички напредок и еднакви можности на сите граѓани. 

Сите политички чинители во земјава треба своите напори да ги вложат во политики коишто ги сплотуваат граѓаните,  да работат заеднички за едно современо, демократско и интегрирано општество за сите.

Можете да прочитате

Божиновска – Петрова: Нови чекори за зајакнување на енергетската соработка меѓу Македонија и Бугарија

Focus on the Road – засилени контроли на МВР за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

По маратонот, Пакомак и средношколците ги исчистија улиците од пластични шишиња