Утрински Весник
Македонија

(Видео) Се шири пожарот кај Октиси

Whatsapp image 2025 08 13 at 15.34.08 927567eb.jpg

Во место викано Октишка Краста, во близина на струшкото село Октиси, избувна пожар од поголеми размери кој претставува потенцијална закана за имотот на населението.

Од она што може да се види од видеата и фотографиите е дека пожарот се шири со голема брзина.


На лице место се екипи на Територијалната противпожарна единица и месно население кое помага во гаснењето.

Како што претходно најавија од Центарот за управување со кризи, се очекува врз пожарот да се дејствува и еден авион „Ер трактор“.

„По барање на градоначалникот на Струга е испратено официјално барање за ангажирање на воздухоплов, а по насока и барање на Центарот за управување со кризи се вршат подготовки за испраќање на воздухоплов за гаснење на пожарот. Авион на Дирекцијата за заштита и спасување „ер трактор“ е веќе на пат кон локацијата за гаснење на пожарот“, наведуваат од ЦУК.

Можете да прочитате

Активни два пожари на територијата на Македонија, под контрола ставени три

Сончево и топло време – попладне се очекува појава на дожд

Мицкоски и Крис Павловски на вечера разговараа за иднината на Македонија