Утрински Весник
Македонија

Почина пациентка во тетовската болница, МЗ бара инспекција на случајот

Klinicki bolnici vo tetovo.jpg

Министерството за здравство соопшти дека побарало Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе инспекциски надзор во врска со случајот на починатата пациентка во Инфективното одделение на Општата болница во Тетово.

Од Министерството наведуваат дека јавноста ќе биде информирана по завршување на постапката за утврдување на фактичката состојба и нагласуваат дека остануваат посветени на транспарентност, одговорност и обезбедување квалитетна здравствена заштита за сите граѓани.


Претходно, Министерството за внатрешни работи објави дека во 03:20 часот во СВР Тетово, Ј.С. од село Копанце пријавил дека неговата роднина, С.С. (30) од истото село, која била хоспитализирана на Инфективното одделение во Клиничката болница во Тетово, починала.

Според пријавата, пациентката била примена претходниот ден во 19:00 часот, а, според кажувањето на пријавителот, не ѝ била укажана соодветна лекарска помош, по што настапила смртта. Полицијата извршила увид на местото, а формиран е тим кој, под раководство на дежурен јавен обвинител и во соработка со екипа од СВР Тетово, ќе го испитува случајот.

Можете да прочитате

ЦУК: Два активни пожари, во НП „Јасен“ и во струмичко Сарај

ДУИ: Потсетувањето на 2001 година не е „стара тема“, туку потсетување на цената што граѓаните ја платија за еднаквоста и за Охридскиот договор

Битола почувствува земјотрес од 3.9 степени со епицентар во Грција