Утрински Весник
Македонија

Драма во Тетово: Убиство со рафал во автомобил, повреден случаен минувач

Img 3725.jpeg

Полицијата извршува увид на лице место во Тетово, каде што денеска се случи убиство на еден маж. Според првичните информации, убиениот бил во автомобил „Голф“ кога непознат сторител испукал цел рафал кон возилото.

Сведоци тврдат дека убиецот користел автоматска пушка. Покрај жртвата, куршумите погодиле и случаен минувач — младо момче, кое е повредено и пренесено на медицинска помош.


Полицијата претпоставува дека мотивот за убиството е одмазда или нерасчистени односи, но засега не открива повеќе детали поради тековниот увид и истрага.

Од надлежните најавуваат дека ќе известуваат за нови информации веднаш штом бидат достапни.

Во продолжение објавено е и првично видео од настанот.

Можете да прочитате

И Ленче Ристовска во трката за државен јавен обвинител

Во Сабота од пред Владата граѓански марш поради загадениот воздух

Левица: Доцни исплатата на парите за членовите на изборните одбори