Утрински Весник
Македонија

Во Ѓорче Петров одбележани дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

20250810101452 big 730x400 10.webp.webp

Општина Ѓорче Петров денеска одбележа 24 години од херојската жртва на деветтемина бранители кои во 2001 година ги положија своите животи кај Љуботенски Бачила, бранејќи ја слободата и независноста на Република Македонија.

Во присуство на семејствата на загинатите, претставници на државни институции, локалната самоуправа, армиски и безбедносни структури, граѓани и соработници, беше оддадена почит со положување свежо цвеќе на спомен-обележјата  на Томислав Настевски во Ѓорче Петров, на Споменикот на бранителите во реонскиот парк и на Споменикот на хероите во Волково.


Општината со овој чин ја продолжува традицијата на сеќавање на деветтемина херои: Томе Димоски, Ивица Златевски, Раде Јанковски, Томислав Настевски, Ацо Ангеловски, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Марјанчо Бошковски – македонски синови кои со својата жртва ја одбранија слободата, независноста и достоинството на државата во 2001 година.

На централниот настан се обрати градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски кој нагласи дека споменот на хероите не смее да избледи, а нивната жртва мора да остане длабоко врежана во нашата национална свест.

Можете да прочитате

Меџити: 24 години од Охридскиот рамковен договор – трајна обврска за заедништво и еднаквост

Вкупно 20 пожари до 19 часот!

Алиу: Онколошка амбулантска терапија наскоро ќе има во Тетово, Битола, Штип и ГОБ „8 Септември“