Утрински Весник
Македонија

Гаши потпиша: Локалните избори ќе бидат на 19 октомври

Izbori e1735890132532.webp.webp

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, го потпиша актот за распишување локални избори на 19 октомври 2025 година.

Решението денеска треба да биде објавено во „Службен весник“, информираат од Собранието.


Првиот круг од локалните избори за градоначалници на 80 општин и и Град Скопје ќе се одржи на 19 октомври, а втор круг онаму каде ќе го има ќе се одржи на втори ноември. Кампањата пак, би започнала на 29 септември.

Ова ќе бидат осмите локални избори, а претходно се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.

Можете да прочитате

Со нож и се заканил додека пиела кафе во Тетово, и ја грабнал ташната и избегал

Жена од Гостивар примена во Ургентниот центар со повреди на главата и градниот кош по напад

Три возила се судрија по клучката Радишани, повредените се пренесени во болница