Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Режимот се врати, полицијата на Тошковски во служба на политички прогон во Демир Хисар

Sdsm 1.jpeg
Dik 300x250 mk

Соопштение за јавност на СДСМ:

Бруталниот упад на полицијата во домот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков” во Демир Хисар, Маја Лозановска, е уште една потврда дека режимот се врати.


Ова е сликата на секој режим, полиција ставена во функција на политички притисок и незаконско разрешување на директорка во средно училиште, со единствена цел пред избори да постават партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега на граѓаните им е кристално јасно зошто беа измените на Законот за полиција и Законот за внатрешни работи кои ги спроведе Панче Тошковски, за целосна партизација на полицијата, политички прогон и злоупотреба во партиски цели на ВМОР-ДПМНЕ.

Полицијата станува продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ, а жртви се граѓаните . Денеска е директорка на средно училиште утре некој друг.

СДСМ бара веднаш да престане бруталниот притисок и незаконското разрешување на директорката Маја Лозановска.  Законите мора да се почитуваат без разлика за кого станува збор.

Бараме одговорност од сите кои ја извршуваат оваа незаконска постапка и кои дозволија ставање на полицијата во служба на политички прогон.

Можете да прочитате

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево