Утрински Весник
Македонија

Забраната за движење во шуми продолжена до крајот на август

Suma.webp.webp

На денешната седница, Владата ја продолжи забраната за движење во шуми и шумско земјиште до 31 август 2025 година, како дел од мерките за справување со зголемениот ризик од шумски пожари. Истовремено, беше донесена и одлука за продолжување на кризната состојба за дополнителни 30 дена.

Со ова продолжување, институциите и сите расположливи ресурси – човечки, технички и логистички – остануваат целосно мобилизирани, со цел навремена интервенција во засегнатите подрачја и заштита на населението од огнените стихии.


„Апелираме до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење, која е на сила од 1 јули и ќе трае до 31 август. Во спротивно, прекршителите ќе се соочат со парични казни од 1.500 до 2.000 евра“, информираа од Владата.

Надлежните нагласуваат дека забраната има за цел превенција и заштита од нови пожари во период кога температурите се екстремно високи, а ризикот од нивно појава е максимален. Институциите повикуваат на општествена одговорност и соработка од страна на сите граѓани.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско

Уживајте уште некој ден во сонцето и во топлото време – набрзо почнуваат врнежите

Земјотрес со јачина од 5.0 степени регистриран во Грција, почувствуван и во Македонија