Утрински Весник
Македонија

Турската демократска партија го напушта „Европскиот фронт“

Screenshot 2025 06 20 at 19.25.47.jpg

Турската демократска партија (ТДП) излегува од коалицијата „Европски фронт“ предводен од ДУИ на Али Ахмети, откри лидерот на ТДП, Зулфиќар Зејнула.

Тој во интервју за порталот Тајм Балкан изрази загриженост за сè поостриот политички речник кој го користат двата најголеми етнички блока во земјава, нагласувајќи дека ТДП отсега ќе ги штити приоритетно интересите на турската заедница.


„Одлуката да учествуваме на изборите во 2024 година преку Фронтот беше донесена во согласност со тогашните политички околности и интересот на нашиот народ. Денес сме во нов процес“, вели Зејнула.

ТДП во Собранието е претставувана од пратеникот Бејџан Илијаз, кој сè уште делува како дел од пратеничката група на „Европскиот фронт“.

Можете да прочитате

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ гласаше против повисоки плати за Армијата и пожарникарите

Сиљановска-Давкова на прием кај Ердоган пред Самитот на НАТО во Анкара

Жена пронајдена почината во домот во Аеродром