Утрински Весник
Македонија

Следува стабилизирање на времето, но и продор на топол воздух од Африка!

Meteoalarm.mk 50 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од утре (четврток 7 август) па се до следниот петок (15 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и топло со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен правец.


Во Скопје  и околината во погоре споменатиот период исто така ќе имаме стабилно, суво, сончево и топло време со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер претежно од источен и од североисточен правец. Поради влијанието на споменатата топла воздушна маса од југ, односно од Африка, температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, во Скопје  и околината максималната температура на воздухот ќе се искачува до околу 36/37 степени.Пред нас се значителни топли и повторно стабилни и суви денови, тоа значи дека  и понатаму ќе уживаме во летото и во летните температури, но без некои екстремни горештини.

Можете да прочитате

Пожар го затвори експресниот пат Штип – Кочани, сообраќајот во прекин

Скопјанец во Охрид со бензин испрскал момче од Кичево

Левица: ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево