Утрински Весник
Македонија

НИ СЕ ВРАЌААТ ЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: Пред нас многу сонце и значително потопло време!

Meteoalarm.mk 48.png
Dik 300x250 mk

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на стабилна, сува  и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од четврток (7 август) па се до следниот петок (15 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност. Ќе биде и значително потопло со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.


Во Скопје максималната дневна температура во погоре споменатиот период ќе се искачува до околу 36/37 степени.

Сепак и покрај ова, ќе дува ветер од источен и од североисточен правец, и повремено тој ќе засилува на интензитет.

Пред нас е многу стабилно, суво и повторно значително потопло време, што значи дека убави летни денови ќе имаме  и понатаму, се до средината на овој месец, секако, гледано според моменталните излези на прогностичките модели.

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово