Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Од Пиреј до пропаст, со ВМРО-ДПМНЕ исчезнува македонската култура

Sdsm.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Љутков и ВМРО-ДПМНЕ ја оставаат спомен-куќата на Петре М. Андреевски да скапува – тоа е нивниот патриотизам!


Срамно е, болно и понижувачки за целата држава кога синот на Петре М. Андреевски, еден од најголемите великани на македонската книжевност, мора да бара поддршка за да се спаси спомен-куќата на неговиот татко од влага, заборав и молк.

Но тоа е резултатот кога министерот Љутков ја зголемува ставката за патувања и репрезентации на сметка на буџетските средства намените за заштита на културното наследство. 

Оваа спомен-куќа, оваа меморијална постановка во Слоештица, беше создадена токму во време на владеење на СДСМ – со јасна намера: трајно да се сочува споменот на творецот на „Пиреј”, творецот кој ја однесе Македонија до светските книжевни височини.

А денес? Денес тоа светилиште на македонската литература е оставено на забот на времето, игнорирано од министерот Љутков и Владата на ВМРО-ДПМНЕ, кои инаку постојано се повикуваат на „чување на македонскиот идентитет”.

Ова не е обична негрижа – ова е културен вандализам под раководство на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ.

Ги красат бините со зборови за традиција, а ја пустошат суштината на нашата културна меморија. Ги споменуваат Карев и Делчев за дневно-политички поени, а го забораваат Петрета – кој ја воспеваше Македонија не со знамиња, туку со збор.

Оваа небрежност е културно предавство. Денес е Петре, утре ќе биде некој друг. А кога ќе ја снема културата- ќе ја снема и државата. Затоа #СДСМ бара итна реакција, без разлика на кого е надлежноста, и спомен-куќата на Петре М. Андреевски да се стави под државна заштита и за истата да се обезбедат средства за одржување.

Очигледно ова е новата културна политика со која власта докажува дека не ја цени ниту државата ниту делото и ликот на нашите великани. Ако не знаете кој е Петре – прашајте ги учениците. Тие сè уште читаат „Пиреј”.

Ако не знаете што значи држава – прашајте нè нас. Зашто држава се гради со заштита и чување на културната посебност, а не со заборав.

Можете да прочитате

Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт

Јавниот сектор спорадично користи вештачка интелигенција, наставниците есенва ќе почнат со подготовка за проектот „Школи на 21 век“

Почнува 13. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“