Утрински Весник
Македонија

Нa граничните премини Богородица и Табановце се чека околу 30 минути

Granica.jpg
Dik 300x250 mk

На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање е околу 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, уапсени две лица

ВЛЕН: ДУИ без власт тоне во паника и самозалажување!

Не е фер Македонија да се става во ист кош со Србија и БиХ, вели европратеничката Јовева