Утрински Весник
Македонија

Нестабилно со дожд и грмежи, следните три дена пораст на дневната температура

Oblacno.webp.webp

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.


Како што информира УХМР, следните денови ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

До сабота ќе биде стабилно и топло со пораст на дневната температура. Минималната температура ќе биде во интервал од 28 до 39 степени.

Можете да прочитате

Катастрофален ревизорски извештај за Агенцијата за вработување – Местени тендери, исплати без докази и фаворизирање

МВР со кривична против полицаец кој пукал на семејна веселба

Серискиот убиец од Куманово, убивал за да ги задоволи половите страсти врз мртвите тела