Утрински Весник
Македонија

Ибрахими по инцидентот во Куманово: Ахмети бара „нова жртва“ за да се врати на власт

Ibrahimi vlen.jpg

Еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Зеќирија Ибрахими, остро реагираше на социјалните мрежи, обвинувајќи го лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека бара меѓуетнички инцидент за да предизвика криза и да се обиде да се врати на власт заедно со неговиот заменик, Артан Груби, кого Ибрахими го нарекува „Нонграта“.

Во својата реакција, Ибрахими пишува дека сценариото за меѓуетнички провокации преку антиалбански скандирања за време на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија не успеа, бидејќи, како што вели, власта реагираше веднаш, за разлика од претходните влади.


„Оваа влада не само што го осуди настанот, што не се случи во последните 22 години, туку сега авторите на антиалбанските скандирања се ставени под истрага“, пишува тој.

Според Ибрахими, по овој неуспех, Али Ахмети бара „нова жртва“ за да ги оствари своите амбиции за власт.

„Ахмети, очаен, бара уште една можност да инсценира меѓуетнички инцидент… сето ова со цел да предизвика криза што ќе го врати него и нонграта Груби на власт“, нагласува Ибрахими.

Тој ги повикува младите Албанци да бидат внимателни и да не станат жртви на „страста на Соравија за моќ“.

„Тој не ја сожалува Албанката мајка која ќе плаче за својот син ако тој и Нонграта Груби се вратат на власт. Добро се сеќаваме дека кога Албанките мајки плачеа, министрите од Соравија играа фудбал во Владата“, заклучува Ибрахими.

Можете да прочитате

ОМАЖ: ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ (1993–2025) – 24info.mk

Нa граничните премини Богородица и Табановце се чека околу 30 минути

Кога започнува Богородичниот пост? Најкраток е, а ова се правилата