Утрински Весник
Македонија

Македонија со нови амбасадори во Саудиска Арабија, Данска, Шведска и Албанија

Retro eglenceli kadin konusma kartvizit.png
Dik 300x250 mk

Македонија добива нови амбасадори во четири дипломатски мисии – во Саудиска Арабија, Данска, Шведска и Албанија. Дел од назначените се поранешни пратеници, а дел искусни дипломати кои веќе раководеле со амбасади.

Според информации на Телма пред околу две недели биле одобрени четири имиња. Во новоотворената амбасада на Македонија во Ријад ќе замине Салим Сулејмани, поранешен пратеник кој во мај поднесе оставка и се повлече од сите функции во Алијанса за Албанците на Арбен Таравари. Објавата за отворање на амбасадата во Саудиска Арабија следеше само неколку дена по неговото заминување од политиката.


Поранешниот пратеник од БЕСА, Фадил Зендели, е назначен за нов амбасадор во Данска. Во Шведска ќе замине Ивица Боцевски, кој претходно беше амбасадор во Бразил.

Во Албанија, дипломатската мисија повторно ќе ја води Веле Трпевски, кој и во минатото беше амбасадор во Тирана, а претходно и во Австралија.

Сè уште не е пополнето амбасадорското место во Атина, а неофицијално се споменува името на директор на позната ПР агенција.

Можете да прочитате

Беличанец: СДСМ може да победи, потребна е јасна социјална политика за сите категории граѓани

Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица