Утрински Весник
Македонија

Неколку лица повикани на разговор во полициска станица во врска со инцидентот во Куманово

Basket.webp.webp

Неколку лица во текот на вчерашниот ден се повикани на службен разговор во врска со инцидентот на натпреварот Македонија-Романија одржан во саботата, на кој беа регистрирани скандирања со навредлива содржина, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово.

„По извршени анализи во координација со Јавниот обвинител, ќе бидат преземени конкретни законски мерки против вклучените лица, вклучително и кривични постапки“се наведува во соопштението на СВР Куманово.


Додаваат дека кумановската полиција презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Претходно вчера ОЈО Куманово информира дека постапува во врска со националистичките скандирања на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија. Оттаму соопштија дека издале повеќе наредби до СВР Куманово, меѓу кои и наредба за обезбедување на снимки од видео надзор за да ги идентификуваат сторителите.

Можете да прочитате

Бугарската министерка од Брисел: Без уставни измени нема напредок за Македонија

Врховен суд ќе одлучува дали Жаклина Доведен ќе биде изземена од случајот со петгодишното дете

Камион усмрти пешак на регионалниот пат Градско – Велес