Утрински Весник
Македонија

Михаилов: Од запалени глувци до скакулци, па дури и вештачки бубачки што шират пожари

Screenshot 2025 08 04 164306.jpg

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кирил Михаилов, во гостување во вестите на Сител телевизија даде контроверзна и несекојдневна изјава поврзана со шумските пожари кои го зафатија регионот во изминативе месеци.

„Во текот на овие шест месеци видов сешто – од запалено глувче што ни пренесе пожар, до лисица со запалена опашка што направи страшна работа во велешко. Така да, скакулците би сакал да ги продискутираме“, изјави Михаилов, додавајќи дека му се јавиле и неколку универзитетски професори по една изјава дадена од страна на вработени во шумската служба, кои му потврдиле дека навистина постојат вештачки инсекти што можат да пренесуваат оган.


Според него, можеби е време сериозно да се анализира оваа појава.

„Можеби треба да се направи добра анализа“, додаде Михаилов, не исклучувајќи ниту една можност кога станува збор за причините за пожарите.

Тој истакна дека 90 отсто од шумските пожари се резултат на човечки фактор, било намерно, било ненамерно предизвикани.

Изјавата на Михаилов предизвика големо внимание во јавноста, а особено делот со потенцијалното користење на вештачки бубачки како средство за палење на шуми. Останува да се види дали институциите ќе ја сфатат оваа изјава како аларм за подлабока истрага или како необично лично искуство на заменик-директорот.

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено