Утрински Весник
Македонија

Ева Заева со емотивна порака се збогува од Душко Чифлиганец

1 1.png

Прераната смрт на 32-годишниот Душко Чифлиганец предизвика голема тага меѓу неговите пријатели, семејството, деловните партнери и пошироката јавност. Бизнисменот трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи во Брно, Чешка.

Личности од јавниот живот од Македонија и регионот на социјалните мрежи изразуваа сочувство и се збогуваа со прерано починатото момче, а една од нив е и Ева Заева, ќерка на екс македонскиот премиер Зоран Заев.


Иако Заева и Чифлиганец никогаш јавно не ја потврдија својата врска, нивните заеднички фотографии на социјалните мрежи изминатите години сведочеа за блискоста и приватниот однос меѓу нив.

Чифлиганец беше дипломиран економист и потпретседател на „Адора Бизнис Групација“, семејната компанија основана од неговиот татко, Ванчо Чифлиганец. Заедно со сестра му Драгана, во последните години активно го преземаше водството во компанијата. Беше и директор на „Адора Ливинг Солушнс“, а со неговиот пријател Иван Ивановски ја основа „Адора Прајм Капитал“ – првата македонска инвестициска консултантска компанија со акредитација од американската Комисија за хартии од вредност (SEC).

Покрај бизнис-успесите, Чифлиганец беше познат и по својата хуманост. Преку „Адора“ реализираше бројни хуманитарни акции, а оствари и соработка со Фондацијата на Новак Ѓоковиќ во Србија.

Душко Чифлиганец ќе остане запаметен како млад, амбициозен и перспективен бизнисмен, кој со визија и посветеност вложуваше во развојот на македонската економија и поддршката на заедницата.

Можете да прочитате

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено

Македонија со нови амбасадори во Саудиска Арабија, Данска, Шведска и Албанија