Утрински Весник
Македонија

На Ќафасан се чека околу 40, а на Табановце и Богородица околу 30 минути

Gp 1 e1754307220628.webp.webp

На граничниот премин Ќафасан времето на чекање е околу 40, на Табановце и Богородица околу 30, а на Блаце е 20 минути, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила.


Од денеска до 16 септември 2025 година, на делницата Градско – клучка Дреново, која е дел од Експресниот пат А1 и Коридорот 10д, ќе важи времен изменет режим на сообраќај поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“. Сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Невреме во Скопје, продолжува кон Велес, Штип, Крива Паланка…

Неколку лица повикани на разговор во полициска станица во врска со инцидентот во Куманово

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС)