Утрински Весник
Свет

Пакистан и Иран имаат за цел да ја зголемат билатералната трговија на 10 милијарди долари

20250804083127 big 730x400 97.webp.webp

Пакистан и Иран вчера потпишаа договори со кои се обврзуваат да ја зголемат билатералната трговија на 10 милијарди долари и да соработуваат поблиску за да ја елиминираат заканата од тероризам за мирот и просперитетот во регионот.

Договорите во различни сектори, вклучувајќи ја енергетиката и трговијата, беа потпишани за време на дводневната посета на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.


-Поставивме цел од 10 милијарди долари во трговијата и се надеваме дека ќе ја постигнеме што е можно поскоро, изјави премиерот Шехбаз Шариф на заедничкиот брифинг.

Шариф ја повтори поддршката на Пакистан за правото на Иран на мирна нуклеарна програма според Повелбата на ОН и ја осуди агресијата на Израел против Иран, велејќи дека таа „нема оправдување“.

Пакистанскиот премиер додаде дека двете земји ќе преземат ефикасни чекори за елиминирање на тероризмот и отворање патишта за просперитет во регионот.

Од своја страна, иранскиот претседател рече дека верува оти е можно да се достигне границата од 10 милијарди долари, што би претставувало повеќе од трикратно зголемување на трговијата.

-Длабоко сум убеден дека лесно, за кратко време, можеме да го зголемиме обемот на нашите трговски односи од сегашните три милијарди долари на планираната цел од 10 милијарди долари, рече Пезешкијан.

Тој им се заблагодари на владата и народот за поддршката на Иран „за време на 12-дневната терористичка агресија од страна на ционистичкиот режим и САД“.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури