Утрински Весник
Свет

Трамп: Виткоф би можел да ја посети Русија в среда или четврток

20250804071954 big 730x400 19.webp.webp

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека специјалниот претставник Стив Виткоф би можел да ја посети Русија, евентуално в среда или четврток, предупредувајќи дека ќе воведе санкции ако Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина до петок.

-Ќе има санкции, но се чини дека се доста добри во избегнувањето на санкциите, им рече Трамп на новинарите пред да се качи на „Ер Форс Уан“ откако го напушти својот голф клуб во Њу Џерси. „Тие се паметни и се доста добри во избегнувањето на санкциите, па ќе видиме што ќе се случи“, додаде тој.


Трамп, исто така, рече дека е можно некои Американци да добијат некаков вид дивиденда или друга форма на плаќање како резултат на царините за американските трговски партнери.

-Може да има распределба или дивиденда за луѓето во нашата земја, би рекол за луѓето со средни и ниски приходи, би можеле да дадеме дивиденда, рече тој. 

Можете да прочитате

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија