Утрински Весник
Македонија

На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути

Granica pasosh 1.jpg
Dik 300x250 mk

На граничните премини Табановце и Богородица утринава времето на чекање е околу 30 минути, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На државните патишта сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози. 


АМСМ информира дека од денеска до 16 септември 2025 година, на делницата Градско – клучка Дреново, која е дел од Експресниот пат А1 и Коридорот 10д, ќе важи времен изменет режим на сообраќај поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“. Сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

Мицкоски: Вечерва голема акција за чистење на сметот во Скопје

Мицкоски: Вечерва голема акција за чистење на сметот во Скопје