Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола

Pozar dojransko.jpg

Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата има активни четири пожари и тоа во општините Чашка,  Липково, Студеничани и Македонски Брод.

Во општина Чашка, над Богомила гори мешана шума, во општина Липково помеѓу селата Ваксинце и Слупчане е опожарена нискостеблеста шума, во општина Студеничани, поточно кај селото Дречавица има шумски пожар во планина, а во општина Македонски Брод кај село Грешница гори деградирана нискостеблеста шума.


Под контрола се пожарите во општина Долнени, кај село Стровија, зад место викано Гајдарец – Клепало каде е опожарена нискостеблеста шума и во општина Желино, кај село Церово, каде гори мешана шума.

Според информациите на ЦУК, изминатото деноноќие имало вкупно 23 пожари од кои 17 се изгаснати.

Можете да прочитате

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Акција на полицијата во Гостивар: Марихуана пронајдена при претрес на дом

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“