Утрински Весник
Свет

Пожар во складиште за гориво во рускиот град Сочи по украински напад

20250803080729 big 730x400 69.webp.webp

Пожар избувна во складиште за гориво во рускиот град Сочи на Црното Море по напад со украински дрон, информира денеска гувернерот на Краснодарската територија Венијамин Кондратиев на Телеграм.

Пожарот започна од запален танкер. Кондратиев додаде дека повеќе од 120 пожарникари се мобилизирани за да го изгаснат пламенот.


Регионалниот гувернер напиша дека целта била во областа Адлер во Сочи, каде што минатиот месец загина жена во украински напад со дрон.

Танкерот имал капацитет од 2.000 кубни метри, соопштија локалните службеници на службите за итни случаи, цитирани од руските медиуми.

Во исто време, руската агенција за цивилно воздухопловство, Росавијација, објави на Телеграм дека летовите до и од градскиот аеродром се откажани од безбедносни причини.

Претходно, градоначалникот на Сочи, Андреј Прошунин, објави воздушна тревога.

-Внимание! Постои закана од дронови на територијата на градот Сочи, напиша Прошунин на Телеграм.

Можете да прочитате

Трамп стигна во Британија, а лабораторијата GSK веднаш објави инвестиции од 30 милијарди долари во САД

Катар: Нетанјаху нема да остане неказнет

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство