Утрински Весник
Македонија

Честитка на министерот Минчев по повод Денот на Републиката

Img 6100.jpeg

Во име на Министерството за јавна администрација и во мое лично име, Ви го честитам 2ри август – Илинден, Денот на Републиката.

Овој ден е симбол на нашата државност, гордост и непокор, ден кога се поклонуваме пред храброста на нашите предци, кои во Крушево и на АСНОМ ги поставија темелите на современата македонска држава, слободна, суверена и демократска.


Илинден не е само историја. 

Тоа е постојана обврска за сите нас, особено за оние што сме избрани да служиме на граѓаните. 

Обврска да градиме институции што ќе бидат праведни, ефикасни и достапни. 

Обврска да ја продолжиме борбата за еднаквост, слобода и достоинство – секој ден, во секоја постапка, во секоја одлука.

Како Министерство за јавна администрација, цврсто стоиме на патот на реформите што ќе ја направат нашата администрација поевропска, потранспарентна и почесна. 

Напорно работиме за администрација која ќе биде сервис на граѓаните и за институции што ќе ја штитат правдата, а не интересите на поединците.

Илинден е и потсетник дека промените не доаѓаат сами по себе.

Тие бараат храброст, визија и заедништво. 

Токму тие вредности треба да нè водат и денес, додека ја обликуваме Македонија како земја што ќе ги задржи младите, ќе ги врати иселените и ќе ги обедини сите нејзини граѓани под заеднички идеали.

Нека е честит Денот на Републиката! 

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна