Утрински Весник
Свет

Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати

Lavrov.webp.webp

Суштинската дискусија за украинското прашање меѓу Москва и Вашингтон, која се води од почетокот на годината, е многу корисна и дава резултати, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Фактот дека сегашната американска администрација го обнови директниот дијалог е целосно во согласност со нормалната дипломатска пракса, чие напуштање под водство на Џо Бајден беше спротивно на здравиот разум. Суштинската дискусија за украинското прашање меѓу Москва и Вашингтон што се води од почетокот на годината е многу корисна и дава резултати“, рече Лавров, како што е објавено на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.


Лавров истакна дека благодарение на упорноста на претседателот Доналд Трамп, властите во Киев се согласиле со предлогот на Русија за продолжување на преговорите во Истанбул. 

Можете да прочитате

Багаи: Иранскиот предлог за завршување на војната беше дарежлива и одговорна понуда

Во Бангладеш од 15 март регистрирани 344 смртни случаи на деца од мали сипаници

Нетанјаху за Си-би-ес: Сакам да го одвикнам Израел од американската воена помош