Утрински Весник
Македонија

Алијанса за Албанците предложи кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

Zijadin sela.png

Партиското раководство на Алијанса за Албанците вечерва по двочасовна дебата во Гостивар ги избра тројцата кандидати за градоначалници на претстојните избори. Урологот Арсим Далипи за Струга, Илиријан Фетаху за Дебар и Скендер Исуфи за Арачиново.

Одлуката ја соопшти лидерот на партијата Зијадин Села по првиот дел на седницата на претседателството, која се одржува во седиштето на партијата во Гостивар.


Одговарајќи на новинарско прашање околу важноста на претстојните избори, тој меѓу другото ги нарече „референдум„.

– Не можеме да не констатираме дека на претходните избори беше прекршено правото на изјаснување на Албанците. Овие избори се одржуваат во атмосфера кога Албанците со глас, освен што ќе изберат градоначалници, туку и ќе покажат дека нема да дозволат македонскиот политички фактор да одлучува кој ќе биде нивен претставник во влада или во локална власт, рече Села.

Според него, давањето на гласот за коалицијата „Европски фронт“ ќе го намали влијанието на како што потенцира од други држави и Србија и затоа е важно да се одржи овој „референдум“ преку кој гласачите Албанци јасно ќе го искажат нивниот став.

Можете да прочитате

Ахмети: Пред 122 години на Илинден Македонците и Албанците беа заедно, сега сме едни наспроти други

Делегација на СДСМ предводена од потпретседателката Каја Шукова оддаде почит во Скопје, по повод Денот на Републиката

Бленди Ходаи: За Кочани ќе нема правда зашто институциите се фокусираа на контаминација на гневот и револтот на граѓаните