Утрински Весник
Свет

Путин ќе распореди нови руски ракети во Белорусија

Putin opshta profil.jpg

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека земјата почнала со производство на најнови хиперсонични ракети и планира да ги распореди во Белорусија подоцна оваа година.

Седејќи до белорускиот претседател Александар Лукашенко во Валамскиот архипелаг на езерото Лагода во Русија, Путин рече дека војската во Белорусија веќе избрала локации за распоредување на балистичката ракета со среден дострел Орешник.


– -Подготвителната работа е во тек и најверојатно ќе ја завршиме пред крајот на годината, рече Путин, додавајќи дека првата серија Орешници и нивните системи се произведени и влегле во воена употреба.

Русија првпат ја употреби ракетата Орешник, што на руски значи „лешник“, против Украина во ноември, кога испали експериментално оружје во фабрика во Дњепар која произведуваше ракети кога Украина беше дел од Советскиот Сојуз.

Путин ги пофали способностите на Орешник, велејќи дека е „имуна на пресретнување“.

Тој го предупреди Западот дека Москва би можела да го искористи тоа против сојузниците на Украина во НАТО, кои му дозволија на Киев да ги користи нивните ракети со долг дострел за напади во Русија.

Ракетите со среден дострел можат да летаат помеѓу 500 и 5.500 километри. Таквото оружје беше забрането според договорот од советската ера што Вашингтон и Москва го напуштија во 2019 година. 

Можете да прочитате

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа