Утрински Весник
Економија

Николоски очекува раст на БДП од 3,7 проценти

Nikoloski 1.jpg

Очекуваме економски раст од 3,7 % на БДП до крајот на годината, а голема улога во овој раст имаат капиталните расходи кои изнесуваат над 800 милиони евра годинава, како и инвестициите во инфраструктурата во општините, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во емисијата “Став на регионот” на ТВ Њузмакс Балкан.

“Мојот ресор е главниот двигател на капиталните расходи. Влеговме доста амбициозно како Влада и сметаме дека капиталните расходи се срцето на економскиот раст на Македонија. Оваа година очеуваме 3, 7 % економски раст од БДП, што ќе биде убедливо најголем раст во регионот. Сакаме да ја вратиме Македонија на старите патеки кога бевме шампиони во економски раст и тоа веќе успеавме да го направиме во втората половина на минатата година, а ова е прва наша целосна година и ќе се видат резултатите”-истакна вицепремиерот Николоски.


Тој потенцираше дека Македонија во моментов е претворена во големо градилиште, каде со владина поддршка со 350 милиони евра за општините се реализираат над 1200 проекти.

” Новиот повик од 250 милиони евра, заедно со претходниот од 100 милиони евра е една вкупна сума од 350 милиони евра, нешто што е невидено во општините претходно. За жал поголемите инфраструктурни зафати во општините се правени во време на поранешната држава, во време на Југославија и од тоа време нема направено поголеми инфраструктурни зафати. Ние прв пат влегуваме во еден голем циклус, прв пат интензивно се менуваат или се градат: водоводни, канализациони мрежи, прв пат се прават локални патишта, се градат училишта, градинки, спортски терени, сето она што е потребно на општините, за народот пристојно и нормално да живее”- рече вицепремиерот Николоски.

Можете да прочитате

Мицкоски: Трговијата во индустријата е зголемена за 13-14% во јули, споредено со истиот месец лани

Министерот за економија Дурмиши на „Бизнис Лидер“: Владата и стопанството се партнери во градење на модерна и одржлива економија

Министерство за енергетика: Усвоен Законот за енергетска ефикасност