
Премиерот Христијан Мицкоски при посета на реконструираната Клиника за уво нос и грло при Универзитетскиот клиничкиот центар „Мајка Тереза”, на новинарско прашање за најавените осум нови инвестиции до крајот на годината, коишто ќе донесат нови вработувања и посилен стандард во Македонија, посочи дека тоа се инвестиции надвор од автомобилската индустрија, којашто досега е најголем дел од македонското портфолио, односно дека се дел од фарма-индустријата, инвестиции во индустријата на енергетиката и индустријата за производство на батериски системи за електрична енергија од обновливи извори.
„Тоа се инвестиции коишто се надвор од досега оние инвестиции коишто доаѓаа во делот на автомобилската индустрија. Тоа се инвестиции во делот на фарма-индустријата, во делот на индустријата којашто се занимава со производство на батериски системи, две се проширување на постојните капацитети на тие компании, а другите се во делот на енергетиката”, одговори премиерот Христијан Мицкоски.