Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Од 13 пожари за 24 часа, 12 се изгаснати, еден под контрола

Pozar 1.webp.webp

Од вкупно 13 пожари на отворен простор изминатото деноноќие, 12 се изгаснати, а еден е ставен под контрола, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

Пожарот ставен под контрола е на територија на општина Берово. Како што се појаснува во соопштението, станува збор за огнените јазици на подрачјето на планината Готен кон Малешевските планини, а гореле бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.


Изгаснатите пожари биле на територија на општините Арачиново, Гази Баба, Гевгелија, Кавадарци, Карбинци, Македонска Каменица, Радовиш, Желино, а останатите четири во прилепскиот регион.

На вчерашната прес-конференција, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов апелираше за внимателност за Илинденските празници, за да не се предизвикаат пожари.

– Апелирам до сите, за време на Илинденските празници, да бидат исклучително внимателни, бидејќи за миг може да настане пожар со катастрофални последици, нагласи Ангелов.

Можете да прочитате

Честитка на министерот Минчев по повод Денот на Републиката

Мицкоски: Илинден нè обединува околу идејата за држава што ги надминува поделбите

Гаши за Илинден: Овој ден нека биде поттик за меѓусебно разбирање за доброто на татковината