Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Изгоре 20% од територијата-кој во власта ќе одговора за катастрофата со пожарите?

Sdsm.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината. Ова не е статистика.  Ова е национална трагедија и природна катастрофа. 


Директна последица на неспособноста, негрижата и целосното потфрлање на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во справувањето со пожарите.

Европската статистика е поразителна. По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, во 2024 година,  изгореле 95.181 хектари шуми, пасишта и природни ресурси – осум пати повеќе од просекот во последните 17 години! 

И оваа година катастрофата продолжува. Бројни пожари во изминатите месеци ја опустошија земјата. 

Мицкоски ветуваше дека оваа година државата ќе биде подготвена, дека ќе има организација и координација за справување со пожарите. Ништо од тоа, нема ниту организација, нема систем, нема нова опрема, нема повеќе пожарникари, нема ништо.

Повеќе од 20% од македонските шуми и пасишта се претворени во пепел. Тоа се илјадници хектати уништени дрвја, зеленило, природно богатство, и трајна еколошка штета. Генерации треба да живеат со последиците од оваа негрижа.

Кој во власта ќе одговара за катастрофата со пожарите во која изгоре 20% до територијата? Кој ќе понесе одговорност за пустошот што остана?

Можете да прочитате

Меџити: Ја напуштам Владата, тргнува во битката за Чаир

Делегации на СДСМ за Илинден во Крушево, Скопје и Пелинце

На „Табановце“ се чека околу 45, на „Богородица“ околу 30 минути