Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја избриша лажната фотографија –Лефков и Мицкоски јавно да се извинат за лагите

Sdsm.jpeg
Dik 300x250 mk

Соопштение на СДСМ:

По реакцијата на СДСМ и разобличувањето на нивната груба манипулација и лага, ВМРО-ДПМНЕ молчешком ја избришаа фотографијата од нивната страна, со којашто денеска пратеникот Миле Лефков мафташе на прес-конференција.


Станува збор за целосно разобличен обид за политичка монтажа, во која Лефков свесно објави лажна фотографија од невин човек, со цел да ја поврзе трагедијата од пожарите со СДСМ и Зоран Заев.

Лефков не само што свесно лажеше пред целата јавност, туку и грубо изманипулира за партиски цели. Бришењето на фотографијата од веб страната на ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека се фатени во лага. Но одговорноста не се брише.

Бараме Лефков и неговиот ментор Мицкоски јавно да се извинат. Очекуваме итна реакција од Јавното обвинителство за ширење лажни вести и загрозување на правната сигурност. Следува и тужба за клевета и нарушување углед.

Можете да прочитате

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово

Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

Зајкова бара итни законски измени: Животот на пациентите не смее да зависи од бирократија