Утрински Весник
Македонија

Нестабилно со пороен дожд и грмежи од утре попладне до четврток

Vreme.jpg

Времето утре во попладневните часови, во текот на ноќта кон четврток и во четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура утре ќе се движи од 8 до 20 степени, а дневната од 22 до 34 степени. Во Скопје утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 32 степени.


Во петок и во сабота времето ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и првите денови и првите денови од следната седница, информираат од УХМР.

Можете да прочитате

Измамен гостиварец за 1200 евра, сакал возачка без да полага

Жена тешко повредена откако паднала во градски автобус

Три пожари до 14:00 часот, активни се два