Утрински Весник
Македонија

Алармантно кај Злеово, пожарот стигна над куќите во селото

Pozar.webp.webp

Сериозна противпожарна состојба вечерва кај радовишкото село Злеово.

Според итниот апел објавен од фудбалскиот клуб Ф.К. Слога – Злеово, пожарот веќе се приближил до куќите над селото и постои реална опасност по имотот и безбедноста на жителите.


„ВОНРЕДНА СОСТОЈБА Пожарот станува сè посериозен и е сè поблиску до селото. Апелираме до сите што можат и сакаат да помогнат – да дојдат веднаш!“, се вели во објавата на клубот од 28 јули.

Жителите организирано се обидуваат да го спречат ширењето на огнената стихија, но потребна е итна помош од институциите, пожарникари и доброволци.

Можете да прочитате

ДЗР: Работните спорови предизвикале одлив од државниот буџет во износ од 64 милиони евра за период од пет години

ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудството за кубење коса судат 4 години, а за криминалот во Мазут и жртвите од Модуларната и Ласкарци одговорност ни на повидок

Кос: Очекуваме Северна Македонија да ги вклучи Бугарите во својот устав за да се движи напред кон ЕУ