Утрински Весник
Македонија

ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ БРАН ЗАМИНУВА: Доаѓа многу попријатно време!

Screenshot 20250727 120751 gallery.jpg

Под влијание на значително посвежа воздушна маса од север, во текот на новата седмица која што ни претстои, температурите во нашата Република Македонија ќе бидат пониски дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние кои што ги имавме вчера (сабота 26 јули). Особено од вторник (29 јули) ,максималните дневни температури на воздухот кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, во Скопскиот регион исто така температурата ќе биде пониска за околу 10 степени и од вторник (29 јули) таа ќе се искачува до околу 33 степени.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец, а наутро ќе биде и уште посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 19 степени, а на повисоките и на планинските места температурите има услови да се спуштат и под 10 степени.


Сепак, атмосферата нема да биде целосно стабилна, па така, локално и повремено ќе се развиваат конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на краткотрајни поројни врнежи од дожд, појава на грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и со појава на град.

Се на се, кончено ни доаѓа многу попријатно време, а екстремно топлиот бран конечно ќе си замине од нашата Република Македонија и од регионот, а наутро како што веќе напоменав и најавив ќе биде и значително посвежо на повеќе места во нашата Република Македонија.

Можете да прочитате

Томовски: Во службените возила ќе се вметне и ГПС со цел зголемување на транспарентноста и контролата

ВЛЕН: Кога ДУИ зборува за ЕУ, граѓаните се потсетуваат на Груевски и Мијалков

Во Македонија има 174 пациенти кои имаат потреба од хормонот за раст – нема листа на чекање