Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Над 20% од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

Metodija sdsm 1.jpg

Прес конференција на СДСМ, Методија Илиевски – потпретседател

Додека Мицкоски се обидува да се промовира себеси за голем патриот кој го редефинира значењето на зборот патриотизам, во две години од неговата власт преку 20% од вкупната површина на шуми и пасишта се претворени во пепел.


Само изминатата седмица активни се преку 100 пожари на територија на целата држава. Втора недела се активни пожарите во општина Василево, општина Радовиш и општина Берово. Планината Готен речиси е целосно опустошена.

Пожари има и во Прилеп, Македонски Брод, Штип, Зелениково, Желино, Струмица, Шуто Оризари и Карбинци, Куманово, Липково, Гостивар, Нагоричане, Росоман.

Во пожари гори цела Македонија.

Оттука се поставува прашањето, дали и ова е дел од патриотскиот план на Мицкоски?

Со кое лице Мицкоски зборува за патриотизам откако ја остави државата без соодветна опрема за справување со пожари. Лани Мицкоски ветуваше целосна ревизија и модернизација на системот за противпожарна заштита.

Она што го гледаме денес е целосна деградација на тој систем.

Наместо нови возила, владата на ВМРО-ДПМНЕ за 7 милиони евра набави службени мобилни телефони.

Наместо нови противпожарни авиони, вработување на пилоти, владата на ВМРО-ДПМНЕ патриотски троши милиони на приватни авиони, хотели, морска храна, папаја, манго .

Наместо вработување на пожарникари, владата на Мицкоски составува списоци во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ за вработување во државните институции.

Каков е тој патриотизам ако за една година со прст не си мрднал да ја одбраниш државата од огнената стихија во која изгореа околу 20% од шумите и пасиштата?

Каков е тој патриотизам кога во две години во пожари животот го загубија 70 луѓе?

Не е патриотизам да ги оставиш луѓето сами да се справуваат со пожарите.

Можете да прочитате

„Ние на гробовите фрламе вода, тие со децата на одмор“ – гнев и тага на родителите од Кочани

Свечено затворен ЕМОФ 2025 – 24info.mk

Тошковски од Охрид: Преку средбите и дружењата на граѓаните со полицијата создаваме цврста нишка на меѓусебна доверба