Утрински Весник
Македонија

Прекината потрагата по 16-годишното дете во Вардар

800px vardar nogaevci macedonia.jpg

Потрагата по 16-годишното дете кое попладнево исчезна во водите на реката Вардар кај селото Уланци, општина Градско, е привремено прекината. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), екипите се повлекле поради недостиг на минимум услови за безбедна и ефективна претрага во текот на ноќта.

„Рано наутро, екипите ќе продолжат со претрагата во взаемна координација“, соопштуваат од ЦУК.


Инцидентот бил пријавен попладнево во СВР Велес, при што било наведено дека две лица, на возраст од 16 и 26 години, потонале во реката Вардар. Пристигнувањето на надлежните служби на терен резултирало со пронаоѓање на 26-годишната девојка жива, но за помладиот исчезнат сè уште се трага.

Можете да прочитате

Девет возила и 22 пожарникари интервенираа кај Бит-пазар, зафатени три куќи

Шест противпожарни возила гаснат пожар во близина на Бит Пазар

Димче Арсовски е нов директор на МКЦ, Бени Шаќири станува советник на Орце Ѓорѓиевски