Утрински Весник
Македонија

Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари, ДПД и работници на „Национални шуми“

20250724201705 big 730x400 20.webp.webp

Гори шума над селото Нивичани, на Осоговските Планини, петнаесетина километри од Кочани. Пожарот е пријавен вечерва, нешто по 18 часот. Според информациите од теренот, огнот зафатил поголема површина и претставува закана за неколку викенд-куќи во близината на селото.

Од Територијалната противпожарна единица – Кочани информираат дека се ангажирани сите расположливи средства и дека гаснењето се  одвива во координација со Доброволното противпожарно друштво и екипи на ЈП „Национални шуми“.


– Пожарот се шири со голема брзина поради сувата вегетација и повремениот ветер. Во момементот 40 пожарникари и доброволци се вклучени во локализирање и заштита на објектите,  соопштија од кочанската противпожарна служба.

Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат движење во близина на пожарот и уште еднаш потсетуваат на потребата од внимателно однесување во природа, особено во летниот период кога опасноста од пожари е зголемена.

Можете да прочитате

Измените на Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Завршен настан за проектот за бесплатен безжичен интернет, поддржан од ЕУ и Германија